Зинедин Зидан после победата од 2-0 против Селта, со која се врати на клупата на Реал Мадрид, изјави дека на голманот Кејлор Навас и левиот бек Марсело, им требаат повеќе мечеви. Тој ги уфрли двајцата во почетниот состав. Навас имаше една феноменална одбрана и не прими гол за 90 минути, а Марсело беше активен и имаше една асистенција.
Кај стариот тренер Сантијаго Солари, Навас и Марсело беа резерви и не добиваа шанса.
„Не почнавме добро, но имавме трпение. Кон крајот на првото полувреме почнавме да играме подобро, и продолживме во второто. Задоволен сум. Ми се допаѓаат и Куртоа и Навас, но на Кејлор му требаат повеќе натпревари. Сакав и тој да се чувствува важен и потребен во тимот. Истото важи и за Марсело, па и за Иско. Сакам сите да ги вратам на вистински пат. Треба повеќе да трчаме кога не ја имаме топката во наш посед“ – изјави Зидан.