Зинедин Зидан во 2026 година, по завршување на Светското првенство, ќе стане нов селектор на Франција. Ова го тврди мадридскиот весник „Ас“, кој е во многу блиску контакти со некогашниот тренер на Реал.
Според сознанијата, сѐ е договорено, а Зидан треба да почека до летото следната година, кога ќе заврши Светското првенство. Франција решила да се раздели со актуелниот селектор Дидие Дешан и тоа без разлика на постигнатиот резултат.
Со Дешан на чело Франција ја освои светската титула во 2018 година, а четири години подоцна на Мундијалот во Катар играше во финалето, каде по голема драма загуби од Аргентина. Тој е на чело на репрезентацијата уште од 2012 година, а челниците на француската федерација решиле дека конечно е време за „свежа крв“ на клупата на Галските петли.
Зидан уште од 2021 година го чека селекторскиот повик од Франција. Тој во два наврати беше тренер на Реал Мадрид, а откако вториот пат реши да си замине, иако имаше голем број на понуди за повторно да работи, популарниот Зизу одлучи да чека и да добие повик од националната селекција.

