Реал Мадрид утревечер ќе игра против градскиот ривал Хетафе, а тренерот Зинедин Зидан се соочува со големи проблеми. За да состави тим на играчи за следниот меч, францускиот стратег мора да бара помош од младинскиот состав.
Алваро Одриосола и Едер Милитао се жалат на мускулни проблеми, а Кралевите сигурно се и без Еден Азар, Родриго Гоес, Феде Валверде, Дани Карвахал, Лукас Васкес, Серхио Рамос и Иско. Тони Крос е суспендиран, додека Лука Јовиќ и Мартин Одегард беа отстапени во зимскиот преоден рок.
Зидан верува дека Карвахал и Иско можат да бидат подготвени до утре, но и да смета на нив, сепак ќе мора да се повикаат неколку фудбалери од младинскиот погон. Реал имаше големи проблеми и за мечот со Уеска, кога на клупата за резерви имаше само петмина играчи, од кои двајца беа голмани, па сепак успеа да ги освои трите бода и да слави со 2:1.