Зидан може да биде тренер само на два клуба и една репрезентација

Легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан веќе три сезони е надвор од фудбалот откако беше тренер на Реал Мадрид. Французинот по завршувањето на фудбалската кариера, беше на клупата само на Кралевите, а сè погласни се најавите дека Зидан веќе следната сезона ќе го гледаме на клупата на некој европски гигант.

Негов близок пријател најавува дека француската легенда е сериозно заинтересиран за проектот на Баерн Минхен и веднаш би ја прифатил таа понуда, но веднаш би дотрчал и доколу добие понуда од Јувентус.

Што се однесува до репрезентациите, блискиот пријател на Зидан вели дека тој би прифатил да биде селектор само на Франција и на ниту една друга репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести