Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, денеска го прослави својот 48-ми роденден, а една од најубавите честитки ја доби од Бразилецот Роналдо, кој му порача дека е најдобриот со којшто играл. Роналдо во богатата клупска и репрезентативна кариера беше соиграч со многу „ѕверки“ кои оставија печат во историјата на фудбалот, па изборот на Зидан треба да биде огромен комплимент за Французинот.
„Ти си најдобриот со којшто некогаш сум играл“, напиша Роналдо на „Инстаграм“.
По повод роденденот на Зизу, денеска излезе и негова автобиографска книга во која има интересни детали, меѓу кои и дека за да докаже дека ја сака сопругата Вероник, Зинедин би се фрлил од покрив на висока зграда.