Зидан наскоро ќе го надмине Мурињо

Зинедин Зидан синоќа против Хетафе го водеше Реал Мадрид по 103-ти пат во кариерата на еден лигашки натпревар, и со тоа се изедначи со покојниот Миљан Миљаниќ на шестото место на вечната листа на тренери кои најмногу го воделе „кралскиот клуб“ на средби од шпанската лига.

Сега пред Зидан се само Жозе Мурињо со 114 меча, Луис Моловњи со 122, Лео Бенхакер со 139, Висенте Дел Боске со 153, и убедливо првиот, легендарниот Мигел Муњос со 424 лигашки натпревари на клупата на Реал.

Доколку Французинот остане целата наредна сезона во Реал, би можел да го надмине Холанѓанецот Бенхакер и да биде странец кој најдолго се задржал на клупата на „лос бланкос“. Зидан испиша историја со серијата од три титули едноподруго во Лигата на шампионите, нешто што го нема направено никој друг во ерата на ЛШ откако се игра во ваков формат, но во следната сезона приоритет ќе биде титулата во Шпанија, која сезонава очајниот Реал ја освои само двапати во последните 11 сезони.

- Оглас -

Најнови вести