Тони Крос е еден од фудбалерите за кого во анкетите навивачите на Реал Мадрид гласаа дека треба да си замине, но не мисли така и тренерот Зинедин Зидан. Тој сака да го задржи Германецот, па денеска е постигнат договор за продолжување на соработката до 2023 година.
Крос сезонава не покажа буквално ништо, ги немаше неговите асистенции, не даваше голови, честопати беше седнуван на клупата, беше нарекуван трактор на дизел, но Реал му го продолжи договорот. Во 13 часот, Крос и официјално ќе го потпише новиот договор и ќе говори пред новинарите на прес-конференција заедно со претседателот Флорентино Перес.