16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Зидан не планира да го напушти Реал

Зинедин Зидан има задача да ги мотивира ѕвездите на Реал Мадрид утре да остварат добар резултат на тешкото гостување кај лидерот во Ла Лига, Севилја. По дебаклот од ПСЖ во првото коло во Лигата на шампионите, се чини дека Французинот ќе треба доста да се потруди за да најде победнички рецепт и да ги предводи своите играчи до три бода против Андалузијците.

На денешната прес-конференција Зидан зборуваше и за шпекулациите кои кружат дека може да биде сменет на клупата, и тоа ни помалку ни повеќе, туку со Жозе Мурињо.

„Медиумите пишуваат дека ќе заминам, веќе ме сменија. Но, јас се чувствувам добро тука. Научив дека не треба да се држам до минатото, туку да се фокусирам на она што е пред мене. Воопшто не размислувам за заминување, само на добар резултат утре против Севилја. Ќе играме против лидерот на шампионатот и мора да издвоиме три бода. Толку е едноставно, особено по лошиот настап во Лигата на шампионите, мора да се поправиме“, истакна Зидан.

Дербито на петтото коло во Ла Лига меѓу Севилја и Реал Мадрид е закажано за утре во 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести