Зидан не сака ни да слушне за клупата на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед не е опција за Зинедин Зидан, тврди каталонскиот „Мундо Депортиво“. Името на францускиот стручњак се споменува во јавноста како варијанта за наследник на Оле Гунар Солскјер на „Олд Трафорд”, но изгледа од тоа нема ништо, па ако Црвените ѓаволи се разделат со норвешкиот менаџер, топ фаворит за преземање на кормилото би бил Антонио Конте.

Зидан откако го напушти Реал Мадрид, мисли само на одмор и полнење на батериите. Затоа ги отфрлил варијантите да го преземе Њукасл или Манчестер јунајтед. Наводно, тој мисли само на две опции за прекин на одморот, а и двете му се поврзани со татковината: ако добие понуда да стане селектор на Франција или ако го викнат во Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести