Зидан нема да го тренира Роналдо, одби понуда тешка 120 милиони евра

Французинскиот тренер Зинедин Зидан ја одби богатата понуда на саудискиот Ал Наср, тешка 120 милиони евра за две двегодишен договор, објави „Марка“.

Челниците на Ал Наср, по иницијатива на Кристијано Роналдо, минатата недела го отпуштија тренерот Руди Гарсија и на негово место го поставија Хрватот, Динко Јеличиќ, кој е привремено решение.

Според „Марка“, челниците на Ал Наср, исто така по иницијатива на Роналдо, стапиле во контакт со Зидан на кого му понудиле неверојатни 120 милиони евра за две години, но Франзуцинот ја одбил понудата бидејќи планира налето да преземе некој европски гигант. Неговото име најчесто се поврзува со клупата на ПСЖ, а постои можност Зидан седне и на клупата на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести