Зидан објасни што се случило за Реал да победи 31:0

Покрај толку мечеви кои изминатиов викенд се одиграа во Шпанија, во центарот на вниманието остана дуелот меѓу дечињата до 9 години од Реал Мадрид и Вилјаверде Сан Андрес. Децата на Кралскиот клуб беа повеќе од убедливи и на крајот победија со неверојатни 31:0 во меч кој трае 40 минути.

Поразената екипа беше револтирана од односот на домаќините и упати соопштение во кое бараат објаснување за таквиот резултат затоа што фудбалот во младинските категории во Шпанија секогаш бил насочен кон учење и развивање на вештината.

Меѓу оние кои решија да дадат свое видување за целата таа ситуација и победата од 31:0, се огласи и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Децата се на теренот за да играат, без разлика што ќе се случи на теренот. За жал, и таков резултат може да се случи. По малку е неубаво да се даде 31 гол, но тоа не е натпреварувачки фудбал каде што тренерот може да им рече на фудбалерите да престанат да напаѓаат. Тоа повеќе е работа на Фудбалската федерација. Во кошарката, кога ќе имаше 50 поени предност, мечот се прекинуваше“, објаснува Зидан.

Реал Мадрид во знак на почит кон противникот реши да не го објави резултатот, но штетата веќе беше направена.

 

- Оглас -

Најнови вести