Со три победи и едно реми, Реал Мадрид како лидер во шпанското првенство влегува во дуелот против Кадиз. Кралскиот клуб за овој меч ќе биде без Даниел Карвахал, Алваро Одриосола, Маријано Дијас, Еден Азар и Мартин Одегард, додека во составот се враќа Едер Милитао.
Тренерот Зинедин Зидан вели дека сезонава во стартниот тим на Реал Мадрид ќе има чести промени и ротации, а објасни и зошто ќе биде тоа така.
„Често пати зборувам за тоа. Кога е многу долга сезоната, за да се освои нешто мора да се прават ротации. Располагаме со многу добри фудбалери што ни дозволува да правиме замени. Едноставно играчите никогаш не одмораат. Имаме серија од седум натпревари, а потоа сите фудбалери повторно ќе одат на репрезентативни обврски. Јас не се правдам, туку само објаснувам дека морално е да се прават ротации во составот. Само така ќе можеме да победуваме. И во минатото покажавме дека на таков начин можеме да победуваме“, вели Зидан.
Во составот од 20 фудбалери за овој меч како трет голан е повикан и Лукас Кањизарес, син на прославениот голман Сантијаго Кањизарес.