Зинедин Зидан по повеќе од две години одмор, за медиумите изјави дека е подготвен да се врати на тренерската професија.
„Еден ден да бидам тренер во Италија? Зошто да не? Сигурен сум дека сакам да се вратам на клупата, сакам повторно да бидам тренер“, изјави Зидан.
Последен ангажман на Зидан му беше во Реал Мадрид, од каде што си замина во 2021 година и досега ги одбиваше сите понуди. Зидан исто така се поврзуваше со француската репрезентација, но Дидие Дешан остана селектор, а изминатите месеци неговото име се споменува со клупите на екипи како Баерн Минхен, Манчестер јунајтед и Јувентус.