Зидан повеќе не сака да одмора: Сакам да работам

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по повеќе од една и пол година одмор, сака повторно да биде во улога на главен тренер.

Зидан е без ангажман од 2021 година, кога најави дека ќе си земе едногодишен одмор од тренерската работа бидејќи се надеваше дека ќе биде нов селектор на Франција.

Француските медиуми шпекулираа дека Зидан има договор со челниците на Фудбалската федерација на Франција по Светското првенство во Катар тој да биде назначен за нов селектор. Но, пласманот во финалето, иако Триколорите играа без неколку клучни репрезентативци, му донесе нов договор на Дидие Дешан.

„Сакам да работам, сакам да имам проект. Денеска имам време, но не знам до кога ќе трае тоа“, изјави Зидан за време на промоцијата на Формула 1 болидот на Алпине.

Француските медиуми пишуваат дека идниот клуб на Зидан ќе биде ПСЖ. Новинарот Едуардо Инда тврди дека Кристоф Галтие ќе добие отказ од ПСЖ доколку биде елиминиран од Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите и ќе биде заменет токму со Зидан, кој веќе имал неколку рунди преговори со претседателот на Светците, Насер Ал-Келаифи.

- Оглас -

Најнови вести