Зидан повторно ги шкартираше Бејл и Родригес, но зошто го нема Модриќ?

Герет Бејл и Џејмс Родригес нема да бидат во составот на Реал Мадрид за денешниот контролен меч против Салцбург. Австрискиот тим ќе биде домаќин на Кралевите, а јасно е дека двете големи ѕвезди нема да бидат во составот на гостите.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан јасно кажа дека во неговиот тим нема да има место за овие двајца фудбалери, но засега не се знае нивната иднина. Бејл беше пред трансфер во Кина, но од Реал во последен момент го стопираа неговото заминување на далечниот Исток. Џејмс две години помина како позајмен играч во Баерн, но откако германскиот тим одби да го купи, мораше да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Бејл има уште три години од договорот со Реал, а Велшанецот најави дека е подготвен дури и да дреме на клупата или на трибините, но нема да си замине ако не добие понуда по негов кејф.

Ако за Бејл и Родригес беше и очекувано да ги нема меѓу играчите за настап, прашање е зошто во тимот го нема Лука Модриќ. Официјално Модриќ има повреда на мутниот мускул и мора да одмори, но неофицијално Хрватот се подготвува за трсансфер во Милан.

Во составот од 20 кои Зидан ќе ги има на располагање за дуелот против Салцбург се:

 

- Оглас -

Најнови вести