Зидан позитивен на Коронавирусот, Реал неколку меча ќе биде без првиот тренер

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се заразил од опасниот Коронавирус и поради тоа во следните 10-тина дена ќе мора да биде во карантин. Францускиот стратег денеска требаше да се појави на прес конференција пред утрешниот дуел против Алавес, но од Кралскиот клуб соопштија дека тренерот нема да биде дел од клубот поради заразата.

Зидан вчера го водел тренингот на Реал кога и имал разговор со играчите околу дебаклот и елиминацијата во Купот од Алкојано. Поради тој срамен пораз, многумина шпекулираа дека тоа може да биде и крај на Зидан на клупата на Реал, но засега нема такво сценарио.

Освен на дуелот против Алавес, Зидан сигурно нема да го води тимот ниту на мечот против Леванте на 30 јануари, а неизвесно е дали ќе биде на клупата за дуелот против Уеска на 6 февруари, а потоа и за мечот против Хетафе закажан за 9 февруари.

 

- Оглас -

Најнови вести