Точно пред 22 години, на 15 мај 2002 година, Зинедин Зидан го постигна најубавиот гол во историјата на финалињата на Лигата на шампионите и со својот незаборавен волеј му ја донесе тогаш деветтата европска титула на Реал Мадрид.
Популарниот Зизу е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а иако поминаа 18 години откако се повлече и веќе не е активен фудбалер, и на 51-годишна возраст тој е виртуоз со топката.
На вчерашниот меч на легендите во Бордо, Зидан имаше свое шоу со кое ја воодушеви публиката.
Нема што друго да се каже освен дека класата е вечна:
https://twitter.com/i/status/1790688896948355387