Зидан пред 22 години го даде најубавиот гол во финалињата на ЛШ, а и сега на 51 година е виртуоз (Видео)

Точно пред 22 години, на 15 мај 2002 година, Зинедин Зидан го постигна најубавиот гол во историјата на финалињата на Лигата на шампионите и со својот незаборавен волеј му ја донесе тогаш деветтата европска титула на Реал Мадрид.

Популарниот Зизу е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а иако поминаа 18 години откако се повлече и веќе не е активен фудбалер, и на 51-годишна возраст тој е виртуоз со топката.

На вчерашниот меч на легендите во Бордо, Зидан имаше свое шоу со кое ја воодушеви публиката.

Нема што друго да се каже освен дека класата е вечна:

- Оглас -

Најнови вести