20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Зидан прослави јубилеј во победата над Ејбар

Зинедин Зидан вчера прослави јубилеј од 250 натпревари како тренер на Реал Мадрид, а неговата екипа му го разубави значајниот меч со сигурна победа од 2-0 против Ејбар.

Зидан во 250 натпревари како кормилар на Кралевите има учинок од 167 победи, 48 ремија и 35 порази, со просек од 2,20 бода по натпревар. Шпанскиот гигант реализира 585 погодоци, а примија 258 гола во својата мрежа со Зидан како тренер.

„Работиме ден по ден. Одигравме добар натпревар против Ејбар, а веќе се подготвуваме за следниот предизвик. Знаеме од каде доаѓаме и низ што поминавме, надминавме големи проблеми и сега е време да уживаме во фудбалот“, истакна Зидан по јубилејот.

Дебито на клупата го оствари на 9 јануари 2016 година, со убедлив триумф од 5-0 над Депортиво Ла Коруња, а тоа беше старт на една прекрасна бајка во која Зидан го предводеше Реал до три последователни титули во Лигата на шампионите, две титули во Ла Лига, а освои по два трофеи во шпанскиот Суперкуп, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

https://twitter.com/realmadrid/status/1378422049182380032

Реал како второпласиран со 63 бода по 29 кола во Ла Лига уште има шанси за одбрана на титулата, само градскиот ривал Атлетико е пред Кралевите со 66 бода, додека Барселона пред извесно време се наметна во шампионската трка и стои зад мадридските гиганти со 62 бода.

Реал се бори на уште еден фронт, во Лигата на шампионите го чека тежок двомеч против Ливерпул, а првиот дуел е закажан веќе за вторник.

- Оглас -

Најнови вести