Вест Бромвич Албион стигна до важна победа во четвртото коло од Чемпионшип, откако со 2:1 славеше на гостувањето кај Блекбурн. Уште во првото полувреме гостите дадоа два гола, а до крајот на средбата Блекбурн даде само почесен погодок.
Потегот на мечот се случи уште во првата минута од мечот. ВБА тргна силовито во напад, гостите имаа одлични шанси за гол, а на крајот од акцијата, Алекс Мовет со спектакуларен волеј удар ја затресе мрежата на домаќините.
https://twitter.com/i/status/1429125814428311557
Според многумина, овој погодок на Мовет потсети на лекедарниот погодок на Зинедин Зидан во финалето од Лигата на шампиони во 2002 година. Популарниот Зизу со перфектен волеј даде гол за 2:1 и европска титула на Кралевите од Мадрид.