Се чека кралско враќање на Зизу на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид – Селта Виго (16:15 ч.)

Реал Мадрид сезонава ќе остане без ниту еден трофеј. Можеби нема да има трофеј, но пред неколку дена добија едно големо засилување. На клупата на Реал се врати Зинедин Зидан. Тренерот кој до лани го водеше гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ до три европски круни по ред, по неполни 10 месеци повторно е на клупата на Кралскиот клуб.

Дебито по враќањето Зидан ќе го има денеска и тоа против Селта Виго. Сите играчи се екстра мотивирани и сигурно ќе сакаат повторно да се докажат пред Зизу. традицијата на дуелите меѓу овие ривали вели дека ќе има многу голови. Последните пет средби завршувале 4+, а на последните 11 меѓусебни дуели било 3+, а дури девет завршиле со гол-гол варијанта.

Предлог тип: 1&3-5 (2.00) – квота на денот во Sport Life

 

СПАЛ – Рома (18 ч.)

И Рома има тазе нов тренер. Клаудио Раниери дебитираше со победа против Емполи, а сега го чека тешко гостување против СПАЛ. Кај гостите ќе ги нема Флоренци поради црвен картон, како и повредените Де Роси, Манолес, Пелегрини и Бианда.

СПАЛ е во очајна форма и има четири порази и две реми во последните шест кола од Серија А, па поради тоа сега е на два бода од зоната за испаѓање. Рома е во борба за четвртото место и со евентуален пораз на Интер во дербито од Милан и освојување на три бода на римската волчица, ситуацијата на табелата би била многу неизвесна. СПАЛ игра лошо, но покажа дека може да е опасен, а тоа најдобро го осети Рома сезонава, кога на „Олимпико“ загуби со 2:0 во есенскиот дел од сезоната.

Предлог тип: X2&T22+ (2.05) – квота на денот во Sport Life

 

Херта – Борусија Д. (18:30 ч.)

Борусија Дортмунд веќе нема право на кикс. „Миоионерите“ прокоцнаа неколку бодови предност во однос на Баерн и сега ситуацијата на врвот на табелата е израмнета. Херта е на средината на табелата и речиси е без шанси за излез во Европа, а е и далеку од опасната зона.

На пет од последните шест меѓусебни средби двете екипи давале барем по еден гол, па и сега се очекува ефикасност, но секако со фаворитска улога на гостите.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

Барнли – Лестер (16 ч.)

На домаќинот му „гори под нозе“, бидејќи е на 17-тото место, односно има само два бода повеќе од Кардиф кој е во зоната за испаѓање. Барнли се најде во оваа ситуација најмногу поради трите порази по ред. Лестер полека излегува од кирзата во која беше и победи на два од последните три меча.

На последните 10 меча во сите натпреварувања Лестер има примено гол, но на девет од нив и даде погодок. И Барнли е тим кој и прима и дава голови, па може да се очекуваат погодоци и денеска.

Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (1.93)

 

Атлетик Билбао – Атлетико М. (18:30 ч.)

Атлетик Билбао е тимот кој сезонава се специјализира за нерешени мечеви, па од 27 кола има 13 реми. Гостите од Мадрид ја имаат убедливо најдобрата одбрана во лигата, па се очекува ова да биде тврд меч, без многу голови. Неверојатно колку Атлетико е доминантен против ривалот од Билбао, па победи на 11 од последните 13 меѓусебни дуели.

Предлог тип: Х2 &0-2 (1.81)

 

- Оглас -

Најнови вести