Зинедин Зидан сепак не ја отфрла можноста да седне на клупата на Баерн Минхен, објавија шпанските медиуми повикувајќи се на извори блиски до Французинот.
Томас Тухел ќе ја води екипата на Баерн Минхен до крајот на сезоната, по што ќе дојде до разделба со германскиот гигант. Челниците на Баерн не брзаат со пронаоѓање на тренер за следната сезона, а прв фаворит им е токму Зидан.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1760578672803651873
Иако се чинеше дека Зидан првично ја одби понудата, сега извори блиски до него, откриваат дека тој сепак е заинтересиран за понудата на Баерн.
Иако првично му беше желба да го тренира Јувентус, Баерн засега е поконкретен и наводно претставува предизвик кој го привлекува Зидан.
„Проектот на Барен би можел да му биде многу важен во кариерата и секако финансиите нема да имаат пресудна улога. Тој би бил идеален тренер за повторно да го изгради имиџот на Баерн Минхен и да обезбеди континуитет на клупата. Сепак, не треба да се исклучи ниту Јувентус“, се зборовите на изворот близок до Зидан.
Доколку седне на клупата на Баерн Минхен, прв чекор за Зидан би му претставувал ангажирање на напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, кој би бил вишок во тимот кога ќе пристигне Килијан Мбапе.