Зинедин Зидан си има свој фаворит за Златната топка и неговиот избор воопшто не е изненадување. Популарниот Зизу вели дека признанието треба да го добие Карим Бензема бидејќи е најдобар играч на планетата.
„Се знае мојот избор. Тоа е Карим Бензема. Тој е неверојатен фудбалер. Имав чест да го тренирам и знам дека може да стори сè што ќе посака на теренот. Топ играч е и се надевам дека ќе биде новиот освојувач на Златната топка“, изјави Зидан.
Зидан двапати му беше тренер на Бензема во Реал Мадрид, од 2016 до 2018 година и потоа од 2019 до 2021 година, и заедно освоија дури 11 трофеи.
Во првиот циклус Реал Мадрид беше трипати по ред европски првак, подвиг што е уникатен, а двапати ја освојуваше и круната во Ла Лига.
Бензема сè уште е играч на Кралевите и има одлична сезона со 10 гола и 7 асистенции.