5.8 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Зидан со бомбастична најава: Наскоро се враќам!

Легендарниот француски фудбалер и тренер, Зинедин Зидан, на добротворен натпревар во Тулон изјави дека наскоро повторно ќе работи како тренер.

Популарниот Зизу е без работа откако во 2021 го напушти Реал Мадрид.

„Повторно ќе бидам тренер, наскоро“, потврди поранешниот француски фудбалски велемајстор и некогашен најдобар и најскап играч на светот.

Зидан, кој е поранешен капитен на француската репрезентација и одигра 108 меча за националниот тим, се спомнува како прв фаворит за наследник на Дидие Дешан, кој ќе го напушти кормилото по завршувањето на Светското првенство следната година. 

Има шпекулации и дека за него се интересираат големи европски клубови, како што се Манчестер јунајтед, Јувентус, ПСЖ, Баерн Минхен, но се чини дека 53-годишниот Зидан чека да се испразни селекторското место и да ги преземе Триколорите.

- Оглас -

Најнови вести