Зидан со коментар за Јовиќ кој во Ајнтрахт за 28 минути даде исто голови колку што постигна за Реал во 32 натпревари

Лука Јовиќ повеќе од шест месеци се мачеше да ја најде вистинската голгетерска форма, но не успеа во тоа. Српскиот напаѓач даде само два гола во 32 натпревари, па неодамна беше даден на позајмица во Ајнтрахт, клубот во кој играше пред да се пресели во Мадрид.

Во првиот меч по враќањето во Ајнтрахт, Јовиќ блесна. Во игра влезе во 62 минута и за неполни 30 минути даде два гола за победа на неговиот тим против Шалке. Едноставно Јовиќ покажа дека има квалитет, но неверојатно е како за помалку од половина час даде исто голови колку што даде во Реал за 32 средби.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан имаше објаснување за целата ситуација во која се најде Јовиќ.

„Среќен сум за Лука. Мило ми е што повторно дава голови. Му посакувам се најдобро“, рече Зидан, кој подоцна објасни дека е многу потешко да се игра во мадридскиот гигант. „Мадрид е тежок, го почувствував тоа и како играч. Мислам дека беше добра опција да го купиме Лука, среќен сум за него и се надевам дека еден ден така ќе дава голови и за Реал. За него уште има иднина во Реал и има време да се докаже. Ова е клуб во кој секогаш конкуренцијата е пеколна и тренерот не може да биде виновен ако некој не успее да се снајде“, објасни Зидан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести