Зидан со право е лут на арбитражата (видео)

Реал Мадрид мораше да се задоволи со бод во дербито против Севилја од 2-2, во кое тимот на Зидан испушти голема прилика да избие на врвот на табелата во пресрет на последните три кола во Ла Лига. Сега одбраната на титулата им виси на Кралевите, Атлетико е во пол-позиција да биде првак, а за киксот на домашен терен Зидан ја бараше вината во арбитражата и делумно е во право.

Севилја поведе со 2-1 преку Ракитиќ со гол од пенал на петнаесетина минути до крајот од мечот, но одлуката на судијата Мунудера да додели најстрога казна во корист на гостите не е потполно оправдана.

„Многу сум лут. Никогаш не дискутирам околу судењето, но сега барав објаснување од судијата за пеналот кој ѝ го додели на Севилја. Не сум уверен од неговото објаснување, воопшто не му ја разбирам одлуката. Ако имаше игра со рака од Милитао, тогаш сигурно и гостинскиот играч ја допре топката со рака. Заслуживме многу повеќе од еден бод бидејќи во второто полувреме бевме фантастични, а со таква игра нема да се предадеме до крајот на оваа неизвесна трка“, истакна Зидан.

Топката прво удри во раката на Диего Карлос, гостинскиот играч, а дури потоа Милитао ја допре, не сакајќи исто со рака, доколку подобро се забележи на снимката.

Militao ‘handball’ ricochet’s off his trapezius from realmadrid

- Оглас -

Најнови вести