27.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Зидан среќен, првпат сезонава на тренинг го имаше целиот тим на располагање

Реал Мадрид се подготвува за неделното гостува на „Ипуруа“ кај Еибар, а верувале или не, првпат сезонава Зинедин Зидан на располагање го имаше целиот тим од 24-ица фудбалери. Првпат сезонава во Реал нема повредени или болни, па може да се очекува некои од стартерите кои го носеа товарот изминатиов период, да добијат и одмор.

Напаѓачите Лука Јовиќ и Маријано Дијас ги надминаа повредите и се појавија на тренинг, а со тимот работат и Еден Азар и Мартин Одегард, кои исто така поради повреда не беа во комбинација за настап во вторникот против Атлетик Билбао. Во Реал се враќа и Касемиро, кој не настапи во вторникот поради суспензија. Азар нема да биде стартер в недела, но се очекува да добие минутажа.

- Оглас -

Најнови вести