Реал Мадрид одигра без голови на гостувањето кај Хетафе, дуел по кој Кралскиот клуб може да биде и задоволен што не загуби. Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, беше прогласен за играч на мечот што доволно покажува дека фаворитот бил поблиску до пораз отколку до освојување на трите бода.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, не беше премногу разочаран и најави жестока битка за титулата во Примера. Неговиот тим сега има 67 бодови, три помалку од лидерот Атлетико Мадрид, но два повеќе од најголемиот ривал Барселона, која има и меч повеќе за доигрување.
„Трката за титулата не е завршена. Ќе се бориме до самиот крај. Точно е дека темпото е жестоко, но мора да издржиме. На овој меч ни недостасуваше креативност во офанзивата, но мора да им се честита на играчите. Се игра во жестоко темпо, а ние ќе ја вратиме нашата сила. Мора да продолжиме да се бориме“, рече Зидан, чиј тим само за 10 дена одигра дури четири меча, и тоа два против Ливерпул, еден против Барселона и сега против Хетафе.