Зидан уште во ноември може да го замени Солскјер на клупата на Манчестер јунајтед?

Зинедин Зидан би можело да стане нов менаџер на Манчестер јунајтед, и тоа уште во ноември, кога ќе биде репрезентативната пауза. Ова го шпекулираат повеќе медиуми.

Францускиот 49-годишен тренер во својата кариера има работено само во Реал Мадрид, и тоа во два мандати, од 2016 до 2018, кога освои три титули по ред во Лигата на шампионите, што е рекорд, и потоа од 2019 до 2021 година, кога немаше толку успеси.

Ако резултатите на Јунајтед во следните 30-тина дена не се подобрат, тогаш можно е Оле Гунар Солскјер да биде разрешен, иако и сега има притисок врз него. Кандидат за менаџер е и Антонио Конте, кој одби богата понуда од Њукасл за да седне на клупата на Црвените ѓаволи. Но, Зидан има еден силен адут, а тоа е Кристијано Роналдо. Зизу и првата ѕвезда на Манчестер се во одлични односи, заедно ја покорија Европа и нема да биде изненадување ако помине неговиот предлог Зидан да биде тренер доколку клубот го раздели со Солскјер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести