Зидан за 50-тиот роденден: ПСЖ? Никогаш не вели никогаш

Зинедин Зидан, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, но и исто така врвен и трофеен тренер, денес го слави 50-тиот роденден.

Експредводникот на Реал Мадрид во изминатиов период се поврзуваше со ангажман во Пари Сен Жермен, но на крајот жешкото столче го пополни Кристоф Галтие. Зидан сепак не ја отфрла опцијата во иднина да ги предводи Парижаните.

„Никогаш не вели никогаш. Како тренер, немам многу опции за ангажман, нема 50 слободни клуба кои бараат тренери. Моментално се само две или три опции, така што во иднина сè е можно“, посочи популарниот Зизу.

Покрај тоа што силно се поврзуваше со Светците, постои шпекулација дека Зидан го чека Мундијалот во Катар, каде што според успехот на Франција, може да биде наследник на Дидие Дешамп на селекторското столче.

- Оглас -

Најнови вести