Зидан за Ламин Јамал: Никогаш не сум видел такво нешто

Фудбалската легенда Зинедин Зидан повторно го привлече вниманието на спортската јавност со своите зборови за младиот ас на Барселона, Ламин Јамал. Гостувајќи на настан организиран од „Адидас“ во Париз, Зидан искрено проговори за 16-годишното чудо од дете кое ја освои Шпанија оваа сезона.

Јамал зад себе има неверојатна сезона – 18 гола и 25 асистенции на 55 натпревари, а особено се истакна во полуфиналето од Лигата на шампионите против Интер, каде што блесна во второто полувреме. Иако Барселона загуби по продолженија со 4-3, настапот на Јамал остави длабок впечаток кај Зидан.

„Кога ќе го гледате како игра, на пример во второто полувреме против Интер – никогаш во животот не сум видел нешто слично. Само гледате како некој има потполна контрола над сè што се случува на теренот. Навистина беше фантастично да се гледа. Сите уживавме во таа магија“, изјави Зидан.

Тој имаше и порака за младите фудбалери.

„За сите млади – тие се Ламин. Секој си има свое време, и тоа е убаво. Но за мене, секогаш најважна била самата игра. Ние растевме на улица, со топка, со пријатели. Тоа е суштината.“

Иако повремено се поврзува со големи клубови и национални селекции, Зидан сè уште нема нов ангажман откако ја напушти клупата на Реал Мадрид. Во двата мандата во Кралскиот клуб освои вкупно 11 трофеи, меѓу кои три пехари од Лигата на шампионите по ред, што го вметна во тренерската елита.

Французинот, кој во играчката кариера важеше за еден од најталентираните и најелегантни фудбалери, сега ја препознава истата искра во младиот Ламин Јамал, а тоа не е мала пофалба кога доаѓа од Зидан.

- Оглас -

Најнови вести