Зидан за седум дена може да добие отказ?

Зинедин Зидан би можело да добие отказ наредната недела доколку наскоро не ги смени работите во Реал Мадрид. Кралевите се во кризен период по новиот пораз од Шахтар во ЛШ, кој се надоврза на лошата форма во изминатиов период.

Реал во последните пет меча во сите натпреварувања забележа само една победа, против Интер, додека само еден бод освои екипата во последните три кола во Ла Лига, во кои претрпе порази од Алавес и Валенсија, а ремизираше со Вилјареал.

Поради тоа, Зидан доби ултиматум да триумфира во следните два меча, против Севијла во Ла Лига, односно Менхенгладбах во последното коло од ЛШ, во кое Кралевите ќе бркаат пласман во нокаут-фазата. Во спротивно, за седум дена од сега, Кралскиот клуб ќе бара нов тренер кој ќе го гаси пожарот.

Првите две имиња кои се поврзуваат со клупата на Реал се Маурисио Покетино, ексменаџерот на Тотенхем, но и Раул Гонзалес, клупската легенда и сегашен тренер на тимот на Реал до 18 години.

 

- Оглас -

Најнови вести