Зинедин Зидан е роден во Марсеј, но во својата кариера настапуваше за Кан, Бордо, Реал Мадрид и Јувентус. Важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, но никогаш во кариерата немаше шанса да заигра Олимпик Марсеј, клубот од неговиот роден град.
„Марсеј е во одлична форма во моментов. Не сум играл таму, но имаше желба која никогаш не се оствари. Откако ќе го посетите стадионот во Марсеј ќе сфатите дека тоа е навистина голем клуб. Таму се случуваат интересни работи.“ – коментираше Зинедин Зидан и можеби најави дека во блиска иднина ќе седне на клупата на клубот од својот роден крај.