Хаким Зијех повторно блескаше во дресот на Ајакс, а веднаш по мечот со Лил успеа некако да го исполни ветувањето што му го даде на момчето, кое влета сред терен и сред меч, само за да се поздрави со својот идол.
Инвазијата не беше со намера да се загрози некој од играчите на гостите, а Зијех го гупна момчето и му го вети својот дрес по мечот.
Ајакс победи со 2:0, а Мароканецот тргна да го побара момчето накое му вети подарок.
„Му реков дека ќе му го дадам дресот по мечот и тргнав кон трибината од каде истрча директно на терен. Го немаше момчето по завршување на мечот, но ме чекаше неговиот татко. Среќен сум што имам такви симпатизери“, изјави Зијех.
Тој го постигна првиот гол за Ајакс, а потоа и му асистираше на Промес за победа од 2:0 против Лил, вчеравечер во меч од петтото коло во Лигата на шампионите.