Хаким Зијеш вели дека триумфот со Ајакс против Јувентус во Торино е највпечатлив момент за него сезонава, но ниту Јувентус, ниту се уште актуелниот европски првак Реал Мадрид не биле најсериозните предизвици во Лигата на шампионите.
Мароканецот вели дека за него и за Ајакс најтешка пречка досега во ЛШ во ова издание била Бенфика.
„Против Бенфика ни беше најтешко, а кога би рекол највпечатлива победа на Ајакс, тоа е во Торино против Јувентус“, изјави Зијеш.
Ајакс победи со 1:0 во Амстердам против Бенфика во фазата по групи, а потоа ремизираше 1:1 на „Луж“ во Лисабон против истиот ривал.
А, потоа се редеа неверојатните игри и победи на Ајакс против Реал Мадрид, Јувентус и Тотенхем, сите на гостински терен, па сега популарните копјаници се на прагот на финалето во ЛШ.