Легендата на бразилскиот фудбал, Артур Зико, смета дека Диего Марадона е најдобар фудбалер на сите времиња.
На прашањето кој е најдобар фудбалер на сите времиња, а да бира помеѓу Марадона и Лионел Меси, Бразилецот му дава предност на фудбалерот со кој имаше дуели во првата половина на 80-тите години на минатиот век.
После титулата на Светското првенство во Катар во 2022 година, многумина му дадоа предност на Меси, но Зико неодамна кажа дека сè уште го претпочита Марадона.
„Велам Диего Армандо Марадона, без никакво сомневање. Тој беше беше апсолутен гениј. Меси е исто така гениј, но од неговата генерација. Во наше време имаше повеќе фаули, имаше лизгачки стартови и помалку заштита од судиите. Во Серија А во тие години ги имавме одбранбените играчи кои ги дишеа во врат. Можеше да ги почувствуваш мустаќите на дефанзивците на твојот врат. Мислам дека Диего Марадона имаше многу поголема тешкотија да го покаже сиот свој извонреден талент отколку Меси“, заклучи човекот кој го нарекуваа Белиот Пеле, но не освои светска титула.