Интересен момент се случи во финишот на првото полувреме на мечот од Првата турска лига меѓу Газијантеп и Јени Малатијаспор, кога судијата Оцтурк досуди пенал за гостите.
Теренот на стадионот во Газијантеп е покриен со снежна покривка, па пеналџијата Мунир Чујар и неговиот соиграч Карим Хафез се обидуваа да го расчитат снегот околу белата точка за изведување на пенали.
Истовремено опструкција им правеше домашниот фудбалер Фуркан Сојалп, кој го враќаше снегот назад и на крајот излезе како победник.
Чујар го промаши пеналот, па остана 0:0, резултат со кој двете екипи заминаа на пауза меѓу двете полувремиња.
https://twitter.com/beINSPORTS_TR/status/1483451597925584897?s=20
Кај Газијантеп во составот не е вклучен Лука Станковски, кој неодамна потпиша договор со турскиот прволигаш.