„Летниот“ преоден рок, кој годинава завршува во октомври, е готов речиси во цела Европа, но следниот ќе дојде побрзо, на Нова година, и може да биде многу интересен, бидејќи многу ѕвезди на кои договорите им се до јуни, ќе можат да преговараат и да ја сменат клупската средина.
Од 1 јануари, фудбалерите чии договори се до 30 јуни, нема да мора да ги прашуваат ништо своите клубови, туку сами може да одредат со кого ќе преговараат и каде би заминале. Од друга страна, клубовите ќе сакаат да заработат нешто за да не ги загубат бесплатно во летниот период. Сепак, нема многу ѕвезди кои би заминале во јануари бидејќи не би имале право напролет да играат во европските купови.
Прв на листата на играчи кои може да преговараат со друг клуб е Лионел Меси. Аргентинецот и летово сакаше да ја напушти Барселона, но не успеа. Следното лето може да го направи тоа без никаков проблем од клубот. Тој уште на 1 јануари може да си одбере нов клуб доколку дефинитивно одлучи на 1 јули да ја напушти Каталонија.
Во последната година од договорот, или со договор до 2022 со опција да бидат слободни во 2021, се и: Пол Погба, Дабид Алаба, Серхио Агуеро, Џанлуиџи Донарума, Анхел ди Марија, Серхио Рамос, итн.