Украинскиот репрезентативец Олександер Зинченко веќе долго време зборува за војната во неговата родна земја и за тоа дека без двоумење би одел во војна ако од него тоа биде побарано.
„Ако ме повикаат да се борам, дали ќе се јавам на поканата? Одговорот е јасен, ќе одам во војна“, рече Зинченко во интервју за Би-би-си.
На оваа изјава на Зинченко реагираше играчот на Галатасарај и на Брегот на Слоновата Коска, Серџ Орије.
„Доста со твоите филмови и веднаш оди таму, во Украина. Вистинските доброволци никој не ги вика“, е реакцијата на Орије за патриотизмот кој го пропагира Зинченко.
🇺🇦 Oleksandr Zinchenko: “I would go to fight for Ukraine.”
📲 Serge Aurier: “Stop your cinema and go there right now [to Ukraine]. A real volunteer doesn’t need anyone to call him up.”
[@ZachLowy] pic.twitter.com/7MvYdGJjtB
— CentreGoals. (@centregoals) April 7, 2024