33.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Зинченко: Многу ми беше болно да го слушнам тоа од ќерка ми, се чувствував засрамено

Фудбалерот на лондонскиот Арсенал, украинскиот лев бек Олександр Зинченко, раскажа за него болна приказна од еден од натпреварите во англиската Премиер лига кој го поминал на клупата.

„Еден ден сопругата Влада ги донесе ќерките на натпревар. Постарата Ева, која има три и пол години, ѝ рече на Леа: ‘Види, еве го тато‘. Леа бараше низ целиот терен, но не можеше да ме најде. Потоа Ева покажува со прст и ѝ вели: ‘Не, тој не игра. Тој е на клупата‘. Многу ми беше болно да го слушнам тоа. Се чувствував засрамено. Мило ми е што девојките сè уште не ја достигнале возраста кога се во контакт со социјалните мрежи и не мора да читаат непријатни работи за својот татко“, рече Зинченко.

- Оглас -

Најнови вести