Украинскиот лев бек Олександер Зинченко нема да игра в петок на гостувањето во Скопје против Македонија, а даде интервју за новинарот Пирс Морган, кој пред извесно време се прослави во светот со интервјуто со Кристијано Роналдо.
Фудбалерот на Арсенал истакна дека нема шанса да му подаде рака на некој руски или белоруски спортист дури и ако станува збор за негов соиграч.
„Нема шанса. Не ја прифаќам нивната реакција. Велат дека тие немаат ништо против нас, но со тоа што не реагираат, соучесници се во тоа што се случува во мојата земја. Можеби се плашат, ако е така, жалам. Никогаш веќе нека не ни се обраќаат со брате, веќе никогаш“, изјави Зинченко.
Arsenal's Oleksandr Zinchenko says he would refuse to shake a Russian player's hand.
"No chance… don't ever call us brothers… never again."
Watch more at 8pm tonight.@piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/0EGsE3GNme
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) June 14, 2023