Украинскиот лев бек Александер Зинченко, уште на 12-ти март официјално стапил во брак со новинарката Влада Седан, но немаше да се дознае за тоа, ниту дека закажале свадбена веселба на 24-ти август, ако не се пофалеше Влада вчера преку социјалните мрежи.
Познато е дека 23-годишниот Зинченко на стадионот „Олимписки“ во Киев ја побара Влада за жена, но сега се откриени и други детали. Тие се венчале на 12-ти март во украинската амбасада во Лондон, а веднаш по завршувањето на Лигата на шампионите, ќе има и свадба во Киев.
„Ова е мојот канал Влада Седан, но јас веќе сум Влада Зинченко. Пред четири месеци стапив во брак, а Зинченко не е веќе ерген. На 12-ти март се земавме, иако планиравме сосема друг датум. Поради карантинот, моравме да се прилагодиме. Свадбената церемонија ќе биде на 24 август во Киев“ – рече Влада на својот канал на „Јутјуб“.