Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан откри како би изгледал неговиот совршен фудбалер. Легендарниот Французин тоа го направи со тоа што одбираше од кој фудбалер која особина или силна страна би ја одбрал.
Некогашниот тренер, но и играч на Реал Мадрид во својот избор спомна имиња на 10 поранешни, но и сегашни фудбалери, а интересно е дека во ниедна категорија не го вметна Лионел Меси.
Ова е изборот на Зидан за совршен фудбалер: Лева нога: Зидан, десна нога: Зидан, игра со глава: Зидан, Снага: Ибрахимовиќ, Дриблинг: Дел Пјеро, Голови/реализација: Роналдо или Кристијано Роналдо, Визија: Зидан, Шутеви од далечина: Лука Модриќ, Слободни удари: Дел Пјеро, Платини, Пирло, Дуели: Тирам, Лидерство: Тони Крос.