Килијан Мбапе како слободен фудбалер се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид минатото лето, но сè уште ја бара посакуваната форма во дресот на Кралевите. Иако од него се очекуваше да биде вистински лидер на Реал Мадрид, сепак се чини дека Французинот има проблем со адаптацијата, па Кралскиот клуб мораше да побара помош.
Флорентино Перес му се јавил на легендарниот Французин Зинедин Зидан, кој во минатото беше и фудбалер и тренер на Реал Мадрид, и го замолил со совети да му помогне на Мбапе во адаптацијата. Килијан Мбапе многупати изјавил дека токму Зидан е неговиот идол, па сега ќе ја има честа да комуницира со него бидејќи легендата го прифати повикот за помош и телефонски ќе разговара со сонародникот.