Зинедин Зидан повторно ќе биде тренер на Реал Мадрид. Според сите шпански медиуми, уште денеска треба да биде потврдено дека популарниот Зизу ќе се врати на клупата на гигантот од „Сантијаго Бернабеу“.
Францускиот стратег си замина од Реал на крајот од минатата сезона. Тој помина три години како стратег и донесе три титули европски првак на Кралевите. На местото на Зидан беше назначен Лопетеги, а по неколку месеци него го замени Солари.
По очајната сезона која ја има Реал, Солари денеска треба да добие отказ и Зидан да се врати во клубот во кој донесе многу радости и како играч, но и како тренер.