Поранешниот напаѓач на Болоња, а во моментов член на Манчестер јунајтед, Џошуа Зиркзе, ќе се врати во Серија А веќе во јануари, открива „Газета дело Спорт“. Тој не е задоволен од минутажата што ја има кај менаџерот Рубен Аморим.
Холанѓанецот е решен да игра редовно за да избори место во репрезентацијата и да обезбеди учество на Светското првенство следната година.
Неговата нова дестинација ќе биде Рома, каде ќе пристигне на позајмица. Пред Болоња, овој фудбалер во Италија настапуваше и за Парма, па добро е запознаен со италијанското првенство.