(1701) Нимс – Олимпик Марсеј (21ч)
Марсеј е во серија од четири победи во францускиот шампионат, односно седум меча не знае за пораз, а така би требало да биде и по вечерашното гостување кај Нимс. За тимот од „Велодром“ ова е зицер-ситуација ако се земе предвид дека домаќините се во лоша форма, во која претрпеа четири порази и запишаа само еден триумф во последните пет кола.
Дополнителен мотив за Марсеј е што ги доби последните три меѓусебни дуели против Нимс, од кои еден е на гости со 3-2, што значи дека екипата на Вилаш-Боаш треба да продолжи во ист ритам.
Марсеј моментално е екипа со најдобар учинок во Лига 1 кога се земаат предвид натпревари надвор од дома. Во пет меча издвои четири победи и едно реми, додека Нимс има само еден триумф на домашен терен, а ги загуби последните три меча.
Предлог тип: 2 (1.90)
(1301) Атлетик Билбао – Селта Виго (21ч)
Речиси е сигурно дека Билбао нема да го загуби овој меч, со оглед на тоа дека „Сан Мамеш“ тешко се освојува, а Селта досега во шпанското првенство нема остварено победа на гости. Меѓутоа, тимот на Билбао не е во сјајна форма за да ги освои бодовите, па шансите за нерешен резултат вечерва се големи со оглед на тоа дека Билбао и Селта ремизираа двапати во последните пет меѓусебни средби.
Во лигашки рамки Селта се нема радувано во Баскија од 2006 година, што е добро за домаќините кои ќе се обидат да го подобрат билансот од три победи и еден пораз на домашен терен за оваа сезона. Како и да е, гостите може да се надеваат на неизвесност бидејќи Билбао лесно прима голови.
Предлог тип: 1X & 2-4 (2.12)
(1801) Херта Берлин – Унион Берлин (20:30ч)
Ако држи логиката, градското дерби во Берлин треба да ѝ припадне на Херта. Двете последни средби на соседите во рамките од Бундеслигата завршија со победа на домаќините, Унион го доби првиот дуел од ланската сезона со 1-0, додека Херта возврати и убедливо славеше со 4-0.
Според вложувањата за засилувања, Херта не може да е задоволна од досегашниот учинок во шампионатот, по девет кола има само осум бода, двојно помалку од градскиот ривал. Унион претрпе пораз на стартот од сезоната, а оттогаш нареди пет победи и четири ремија и покажа дека ќе биде незгоден противник во текот на целото првенство.
Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)
(1655) Зулте Варегем – Андерлехт (20:45ч)
Андерлехт дефинитивно ќе го загуби чекорот со водечките екипи во Јупилер лигата доколку вечерва не издвои позитивен резултат во Вареген. Трофејниот белгиски клуб веќе три кола е без победа во кои го претрпе и вториот овосезонски пораз, а веќе има седум ремија.
Ако се земе предвид фактот што Зулте цели четири години трага по победа против Андерлехт, гостите вечерва уште еднаш треба да го докажат квалитетот и да продолжат со серијата добри резултати против овој тим.
Од последните четири гостувања, Андерлехт во три славеше со идентични 2-1, додека последниот меѓусебен дуел го доби со високи 7-0, резултати кои дополнително треба да се оправдуваат.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (2.22)
(1011) Барнсли – Борнмут (18:30ч)
Планот на Борнмут експресно да се врати во англиската елита засега се одвива како што треба, Црешите се во битка за лидерската позиција на табелата во Чемпионшип лигата, иако има уште многу да се игра до крајот на сезоната.
Сепак, екипата на Џејсон Тиндал претрпе реми и пораз во претходните две кола, па сега ќе треба да се врати во победнички ритам против тимот со којшто последен пат ги одмери силите во 2014 година.
Борнмут со идентични 1-0 ги доби последните два дуели против Барнсли, но тоа не дава гаранција за поволен резултат вечерва. Црешите немаат позитивен биланс на гостувањата оваа сезона, имаат само две победи во седум меча во улога на гостин, односно еден триумф во последните пет натпревари.
Предлог тип: 2>1 (1.98)