Зицери се Сиксерс и Торонто, Дончиќ плус

Филаделфија севентисиксерс – Чикаго булс (01ч)

Сиксерси се едни од најефикасните екипи на домашен терен. Го имаат третиот најдобар скор од 19-2, а воедно се во серија од пет последователни победи пред своја публика. Ноќеска во „Велс Фарго центарот“ им гостува тимот на Чикаго, којшто не знае за победа во последните три гостувања во Филаделфија.

Во тие три меча Сиксерси беа доминантни, а така би требало да биде и во овој меч иако во составот ќе недостасува главниот играч, Џоел Ембид.

Предлог тип: 1 хен. -7,5 поени (1.95)

 

Торонто репторс – Вашингтон визардс (01ч)

Шампионот мора да го поправи учинокот на домашен терен бидејќи во последните пет меча победи само еднаш. Против Волшебниците Торонто има убава прилика да го стори тоа, бидејќи Вашингтон е еден од тимовите кои често губи како гостин.

Дополнителен мотив за Рептилите е фактот што ги добија претходните шест средби против Визардс, што значи дека императив е да се продолжи таа серија и во овој меч.

Предлог тип: 1 & >229,5 поени (2.30)

 

Лука Дончиќ (Далас маверикс – Портланд трејлблејзерс, 03:30ч)

Неверојатниот Дончиќ по речиси секој натпревар може да се пофали дека урнал, или пак поставил рекорд. Пред неколку вечери стана најмлад играч со трипл-дабл учинок и со минимум забележани 15 скока и асистенции, статистика која потврдува дека Лука е кошаркар од светска класа на само 20 години.

Против Портланд ќе треба да се докаже уште еднаш, бидејќи ќе биде во дуел против своевремено незапирливиот Кармело Ентони, кој полека се препородува во залезот на својата кариера. Во трите претходни средби малку му недостасуваше троен учинок, но сега ни треба да постигне 30 или повеќе поени.

Предлог тип: Л. Дончиќ >29,5 поени (1.87)

 

Оклахома сити тандер – Мајами хит (02ч)

Мајами ќе сака да ја донесе жештината и во Оклахома, а дали домаќините ќе се изгорат зависи само од нив. Пријатните изненадувања од двете конференции ноќеска ќе ги одмерат силите за првпат оваа сезона, а ако се гледаат минатите меѓусебни дуели, логично е да се типува победа на Оклахома поради нивниот учинок од 6-1 на домашен терен.

Меѓутоа, Мајами се потпира на одличниот Џими Батлер, токму тој е најголемата закана за Грмотевиците, како и новакот Нун кој  импресионира со секој нареден настап. Шансите за триумф се изедначени, па најдобро е да се типува на поени.

Предлог тип: >216,5 поени (1.93)

 

Сан Антонио спарс  – Атланта хокс (02:30ч)

За да се надмине поразот од Мајами, тимот на Грег Попович мора да го совлада најслабиот состав од Истокот. Атланта е екипа против која може да се поправа кош-разликата, а на Спарси тоа им е потребно за да се остане во битка за пласман во разигрувањата.

Сан Антонио славеше во три од последните пет меча на домашен терен, додека Атланта има само една гостинска победа во претходните 10 средби, така што е јасно на кого треба да се типува за триумф.

Предлог тип: 1 хен. -3,5 поени (2.10)

- Оглас -

Најнови вести