Зизу откри која му е неостварена фудбалска желба

Зинедин Зидан, кој како фудбалер и тренер ги има освоено најзначајните трофеи во светот на клупскиот и репрезентативниот фудбал, има една неостварена желба и жали само за една работа: што никогаш не заигра за Олимпик Марсеј.

Зидан е роден во Марсеј, а иако млад си замина од таму и не живее во Марсеј, чувствува голема приврзаност кон градот.

„Иако многу работи ми се случуваа во животот и многу млад си заминав, сепак, јас сум марсејец и секогаш ќе бидам. Одвреме-навреме се враќам таму и само се потврдува дека припаѓам таму. Кога имав 15, 16 години, од трибините ги гледав натпреварите на Олимпик Марсеј и си велев зошто да не играм и јас за Марсеј еден ден? Тоа не се случи никогаш, има многу причини зошто не заиграв за Марсеј, но прекрасно ќе беше ако се случеше тоа“, изјави Зидан во интервју за „Ла Прованс“.

Зидан нема играно за Марсеј, во Франција настапуваше за Кан и Бордо, но играл против клубот од родниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести