Катастрофалниот и болен пораз од 2-5 во градското дерби против Атлетико Мадрид, нешто што не беше видено 75 години, беше тежок удар за сите во Реал, а фановите како и секогаш ги бараа виновниците и критикуваа.
Преку ноќ е загубена довербата и во Чаби Алонсо кој го возвишуваа после седумте победи на стартот на сезоната. Кога седна Баскиецот на клупата, многумина беа оптимисти, сега Кралскиот клуб има и позасилена одбрана, барем на хартија, но вчера се видоа сите слабости, а и Алонсо не се прослави, особено со измените во вториот дел.
Некои навивачи носталгично се потсетија на времето кога на клупата на Реал беше Зинедин Зидан, тогаш немаше вакви срамни дебакли и сметаат дека тој е идеалниот тренер за Реал. Со Зизу како тренер, Реал загуби само трипати на 24 меѓусебни дуели со Барселона и Атлетико, никогаш не загуби на гости против тие два ривали, а ги доби и сите финалиња во сите натпреварувања.
Зидан се спрема од следното лето да стане селектор на Франција.